Функции на поврзување
За да може да ги користите функциите на поврзување, прво мора да инсталирате – специфична – апликација во зависност од крајниот уред.

- Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play).
Напомена: потребен е кориснички профил кај соодветниот App-Store.
- Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools или Connectivity.
Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред.
Вградениот Bluetooth® Low Energy модул испраќа сигнал во редовни интервали. Во зависност од околината, може да се потребни повеќе интервали за испраќање, пред да се препознае електричниот алат. Доколку електричниот алат не се препознае, проверете го следново:
- Дали растојанието до мобилниот уред е преголемо?
Намалете го растојанието меѓу мобилниот уред и електричниот алат. - На мобилниот уред исклучете го Bluetooth® и повторно вклучете го.
Проверете дали сега се препознава електричниот алат.
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy модулот GCY 301‑42 на располагање ги имате следните функции на поврзување за електричниот алат:
- регистрирање и персонализирање
- проверка на статусот, прикажување на пораки за предупредување и грешки
- општи информации и подесувања
- управување
За повеќе информации, видете го менито за помош на апликацијата.