Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Прифатот за сечило за пила, воглавно може да го исчистите со мека четка. Притоа, извадете го сечилото за пила од електричниот алат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за листовите за пила со употреба на соодветни средства за подмачкување.

Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина.

Замена на карбонските четки (види слика H)

Проверувајте ја должината на карбонските четки на секои 2–3 месеци и доколку е потребно заменете ги.

Никогаш не менувајте само една карбонска четка!

Напомена: Користете само карбонски четки од Bosch, кои се наменети за производот.