Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја блокадата при вклучување (6). Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување (7) нема да се блокира, туку за време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови:
- кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
- при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.