Проверка и подесување на основните поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Отпуштете го копчето за фиксирање (11), доколку е затегнато.
- Притиснете го копчето за заклучување (10) надолу и вртете ја масата за пила (32) до жлебот (14) за 0°.
- Повторно отпуштете го копчето за заклучување (10). Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.
- Отстранете ги подесливите гранични водилки (18).
Проверка (види слика U1)
- Поставете го аголниот триаголник (55) со агол од 90° на исто ниво со сечилото на пилата (46) помеѓу граничната водилка (17) и сечилото за пилата на масата за пилата (32).
Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со граничната водилка по целата должина.
Подесување (види слика U2)
- Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна глава (56) со испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (27).
- Свртете ја граничната водилка (17) додека аголниот триаголник не лежи прецизно по целата должина.
- Повторно затегнете ги завртките.
- Завртете ја рачката на алатот малку налево над 0°-позиција, а потоа надесно додека не почувствувате дека ќе се вклопи во 0°-позицијата.
Проверка
Агломерите (50) и (52) мора да бидат во согласност со 0°-ознаките на скалата (51).
Подесување
- Олабавете ги завртките (57) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на соодветната 0°-ознака.
- Повторно затегнете ги завртките.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (32) до жлебот (14) за 0°. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка
Агломерот (13) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (33).
Подесување
- Олабавете ја завртката (58) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
- Повторно зацврстете ја завртката.