Подготовка за работа
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се продолжи на левата и десната страна со помош на продолжетоците (15).
- Преклопете го нагоре затегнувачкиот лост (31).
- Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (15) до саканата должина.
- За фиксирање на продолжетокот на масата за пила повторно притиснете го надолу затегнувачкиот лост (31).
Флексибилниот систем за приклучување на основите на делот за обработка (16) ви овозможува различни опции за продолжување или проширување.
- По потреба, приклучете ја основата на делот за обработка (16) во прифатите (40) на електричниот алат или во прифатите (41) на втората основа на делот за обработка.
- Никогаш не го носете електричниот алат за основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт.
При сечење на вертикални агли со закосување, во зависност од правецот на сечење, мора сосема да ја отстраните левата или десната подеслива гранична водилка (18) или да ја извлечете нанадвор.
- Олабавете ги пеперутка-завртките (37).
- Отстранување:
Подигнете ја подесливата гранична водилка (18) нагоре.
Поместување:
Целосно извлечете ја граничната водилка (18) нанадвор.
По сечење на вертикалните агли на закосување, ставете ја подесливата гранична водилка (18) повторно во почетната позиција и затегнете ги пеперутка-завртките (37).
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.
- Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (17) и (18).
- Вметнете ја испорачаната столарската стега (19) во отворите предвидени за таа намена (39).
- Олабавете ја пеперутка-завртката (48) и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
- Цврсто затегнете ја навојната прачка (49) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
- За да ја олабавите столарската стега, свртете ја навојната прачка (49) во правец спротивен на стрелките на часовникот.