Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
---|---|
Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. | |
Носете маска за заштита од прав. | |
Носете заштитни очила. | |
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. | |
Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона. | |
Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови. Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката. Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“. | |
При сечење на вертикални агли на закосување подесливите гранични водилки мора да се повлечат сосема нанадвор одн. целосно да се отстранат. | |
За да го приспособите десниот вертикален опсег на аголот на закосување, прво навалете ја рачката на алатот малку налево, а потоа притиснете го лостот за приспособување налево. | |
За да го приспособите вкупниот вертикален опсег на аголот на закосување до 47° (налево и надесно), копчето за блокада мора да се притисне навнатре. | |
За подесување на вертикални стандардни агли на закосување (22,5° и 33,9°), лостот за блокада мора да се ослободи нагоре. |