Совети при работењето
Работното светло ја подобрува видливоста во непосредната работна површина и ви ја покажува линијата на сечење на сечилото на пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
- Означете ја саката линија на сечење на делот што се обработува.
- Вклучете го работното светло со прекинувачот (35).
- Навалете го кракот на алатот надолу, пред делот што се обработува.
Сенката од сечилото на пилата ќе се појави на делот што се обработува. Оваа линија на сенка го претставува материјалот што се отстранува со сечилото на пилата за време на сечењето. - Насочете ги ознаките на делот што се обработува на линијата на сенката.
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.
- Свртете го граничникот за длабочина (25) кон надвор.
- Навалете ја рачката на апаратот на дршката (4) во саканата позиција.
- Свртете ја завртката за подесување (26), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочинa (25).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Плочата за вметнување (9) може да се истроши по подолга употреба на електричниот алат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките (54) со обичен крстест одвртувач и извадете ја старата плоча за вметнување (9).
- Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките (54).