Замена на сечилото за пила (види слика F1F4)

Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.

Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.

Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.

Вадење на сечилото за пила

  • Притиснете го транспортниот осигурувач (28) навнатре за да ја заклучите раката на алатот во работната положба.
  • Навалете го осцилаторниот заштитен капак (7) наназад и во оваа позиција.
  • Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (44) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (27) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното (23), додека не се вклопи.
  • Држете ја притисната блокадата на вретеното (23) и одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (44) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
  • Извадете ја стезната прирабница (45).
  • Извадете го сечилото за пила (46).
  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.

Монтирање на сечилото за пила

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

  • Навалете го осцилаторниот заштитен капак (7) наназад и држете го во оваа позиција.
  • Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (47).
  • Поставете ги стезната прирабница (45) и завртката со внатрешна шестаголна глава (44). Притиснете ја блокадата на вретеното (23) додека не се вклопи и затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава во правец спротивен на стрелките на часовникот.
  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.
  • Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (4), за да го ослободи транспортниот осигурувач (28).
  • Притоа целосно извлечете го транспортниот осигурувач (28) нанадвор.
    Рачката на алатот сега е повторно слободно подвижна.