Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0°, 33,9° и 22,5°.
- Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (18) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
- Олабавете го тркалото за стегање (38).
- Навалете го кракот на алатот на рачката (4) малку налево од положбата 0° и притиснете го лостот за приспособување (20) налево.
- Завртете го кракот на алатот на рачката (4) надесно додека агломерот (50) не го покаже саканиот агол на закосување на скалата (51).
- Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете го тркалото (38).
- Извлечете ја левата подеслива гранична водилка (18) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
- Олабавете го тркалото за стегање (38).
- Завртете го кракот на алатот на рачката (4) налево додека агломерот (52) не го покаже саканиот агол на закосување на скалата (51).
- Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете го тркалото (38).
- Проверете дали е поставен вертикален агол на закосување од < 45° (налево или надесно).
Ова е единствениот начин на кој може да го притиснете копчето за блокада (53). - Притиснете го копчето за блокада (53) целосно надолу.
Сега може да го користите целиот опсег на аголот на закосување од 47° (налево или надесно).
- Извлечете ја подесливата гранична водилка (18) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
- Олабавете го тркалото за стегање (38).
Стандарден агол на закосување 0°:
- Завртете ја рачката на алатот малку налево над 0°-позиција, а потоа надесно додека не почувствувате дека ќе се вклопи во 0°-позицијата.
- Повторно затегнете го тркалото за стегање (38).
Стандардни агли на закосување 33,9° и 22,5°:
- Олабавете го лостот за блокада (21) нагоре.
- Навалете ја рачката на алатот кон лево или десно, се додека агломерот (52)/(50) не го покажува саканиот вертикален агол на закосување.
Рачката на алатот мора да е видно вклопена. - Повторно затегнете го тркалото за стегање (38).